Радио Милева

Фудбалерот Влатко Грозданоски стана татко: Мила се роди на неговиот роденден

Фудбалерот Влатко Грозданоски стана татко: Мила се роди на неговиот роденден

Македонскиот фудбалер Влатко Грозданоски и неговата сопруга Христина станаа родители.

Поранешната манекенка на својот сопруг му подари ќеркичка и тоа за неговиот 36ти роденден.

На својот профил од социјалната мрежа Фејсбук Грозданоски се пофали дека станал татко на девојче и дека не можел да добие поубав роденденски подарок.

Христина се породила во една приватна клиника во Скопје, а бебето го доби името Мила.

-Мојата сопруга ми го даде најубавиот роденденски подарок што можам да го замислам. Се роди нашата ќеркичка Мила, се пофали фудбалерот на социјалните мрежи.

Инаку, убавата Хтристина и Влатко се венчаа во 2016 година.

To top