Радио Милева нови детали

Фудбалерот никогаш не и бил верен на Шакира: Ја изневерил со позната манекенка по две години врска (фото)

Фудбалерот никогаш не и бил верен на Шакира: Ја изневерил со позната манекенка по две години врска  (фото)

Шакира и Пике се официјално разделени, но драмата околу нивната врска продолжува.

Се повеќе детали од минатото излегуваат на виделина, а според изјавите на папараците на Џорди Мартин, Пике бил неверен речиси од почетокот на нивната врска.

Според шпанските медиуми, во 2012 година фудбалерот наводно имал афера со Бар Рафаели, позната израелска манекенка, а Шакира и Пике тогаш биле во врска само две години.

„Пред неколку дена разговарав со мојата блиска пријателка Бар Рафаели, која ми е пријателка долги години, а таа ми потврди дека аферата била  причина за нејзините чести посети на Барселона“, изјави Мартин.

„Ја споделив оваа информација со Шакира преку нејзината доверлива личност и таа беше запрепастена“, додаде тој.

Мартин вели дека открил нови детали кои сакал да ги сподели со пејачката.

“Помеѓу 30 јуни и 6 јули минатата година, Пике отпатува во Монако со друга личност. И за тоа ја известив. Шакира добива многу нови информации за кои целосно не знаела”, откри тој,пренесува „Index.hr“.

Шпекулациите за неверството на Пике не се нови и кружат со години. Тој повеќе не ја крие врската со младата студентка Клара (23), а неодамна се закани дека ќе ги тужи медиумите поради ширење неосновани гласини за неговиот живот.

Фото:Принтскрин/Инстаграм/Шакира/Профимедиа

To top