Слободан Урошевиќ, еден од најпознатите фудбалери на Партизан, покажа дека сè уште има романтични момчиња кои знаат да ги изненадат своите девојки.
Тој се сврши со својата долгогодишна девојка Ива Николиќ за нејзиниот роденден, пред нивните заеднички пријатели.
Изненадувањето следувало неколку минути по полноќ, во моментот кога Ива ги дувала свеќите на роденденската торта. Урошевиќ и се обрати преку видео порака што се емитувала на големиот екран.
„Среќен роденден љубов. Знаеш што се’ ти посакувам и дека најмногу те сакам. Имам едно прашање за тебе и ќе те замолам да се свртиш“ – рекол Урошевиќ.
Кога неговата девојка го сторила тоа, го нашла нејзиното момче на колена.
„Сакаш ли да се омажиш за мене?“ – ја праша фудбалерот својата девојка.
„Да! Да! Да!“ – Ивана гласно извикувала низ солзи по што го прегрнала својот избраник.
Златен прстен со дијамант заблескал на раката на Ива, а како што се дознава, двојката планира свадбена забава за следната година.
„Се уверив дека најубавите работи се случуваат кога најмалку ги очекувате. Сè уште сум во шок, но срцето ми е полно и пресреќна сум. За мене најголема среќа е кога сте сакани од личност која ве избира повторно и повторно секој ден. Се надевам дека ќе ја задржиме нашата љубов до крајот на животот“ – истакнала Ива.