Истакнатата белградска лекарка, специјалист за пластична и реконструктивна хирургија, која беше омилена во медицинските кругови, но и меѓу членовите на српскиот џет сет и српската естрада, Виолета Скоробаќ Ашанин се самоуби во својот стан во Белград.
Меѓу нејзини клиенти беа познати пејачи, водители, но и политичари.
Три дена пред самоубистовото таа се слушнала со фризерот на Цеца и Анастасија, Стеван Радивојевиќ.
„Немам зборови, шокиран сум. Ми се јави три дена пред самоубиството да ме праша како сум бидејќи дознала дека сум позитивен на коронавирус. Ми делуваше многу нормално. Не можам да верувам дека се самоуби“ вели Стеван.
Од интервјуата што ги даде во последните години, не може ни да се претпостави мотивот за овој чин. Имале среќен брак, сакала патувања и вино. Најдобро од сите таа ги правела корекциите на градите, поради што била многу барана.