На 12 декември, вторник, во Центарот за култура – Битола ќе се одржи гала оперски концерт на француска музика со камерната опера „Кирил Македонски“ – Битола. На програмата се дела од Бизе, Тома, Масне и Гуно, а ќе ги изведуваат Весна Гиновска Илкова (сопран), Борис Трајанов (баритон), Зоран Сотиров (тенор) и Елена Сиљановска (пијанист). Концертот е со почеток од 18.00 часот.
„Концерт на француска музика“
Програма:
1. Ж.Бизе, Арија на Микаела од операта „Кармен“ – Весна Гиновска – Илкова
2. Ж. Бизе, Арија на Дон Хозе од операта „Кармен“– Зоран Сотиров
3. Ж. Бизе, Куплети на Ескамиљо од операта „Кармен“-Борис Трајанов
4. Ж. Бизе, Дует на Микаела и Дон Хозе од операта „Кармен“ – Весна Гиновска – Илкова и Зоран Сотиров
5. А. Тома, Арија на Хамлет од операта „Хамлет“ – Борис Трајанов
6. Ж. Масне, Арија на Вертер од операта „Вертер“ – Зоран Сотиров
7. Ш. Гуно, Арија на Маргарита од операта „Фауст“ – Весна Гиновска – Илкова
8. Ж. Бизе, Дует на Надир и Зурга од операта „Ловци на бисери“ во изведба на Зоран Сотиров и Борис Трајанов
Елена Сиљановска- пијано