Лепа Лукиќ важи за кралица на народната музика.
Популарната пејачка изгради музичка кариера долга неколку децении и сними голем број хитови кои публиката и денес ги сака.
Лепа Лукиќ се уште работи напорно и настапува, а може да се пофали со енергија на која би позавиделе многу помлади колеги.
На една социјална мрежа се појави фотографија од Лепа Лукиќ од младоста, а ова нејзино издание изненади многумина.
Имено, на фотографијата која кружи на социјалните мрежи популарната пејачка лежи во сено облечена во кратки шорцеви и длабоки чизми.
Нејзиното лежерно и природно издание воодушеви многумина кои ја следат работата на Лепа Лукиќ.
Фото: printskrin/instagrtam/estradni.arhiv