Како што Јелена и Душко многу малку зборуваат за својот брак, секоја нивна фотографија, постапка или појавување во јавноста се толкува на посебен начин. Имено, за нивната врска не престанува да се пишува, а сега една фотографија од Душко Тошиќ ја „заскокотка“ јавноста.
Душко Тошиќ е во прегратките на познатата колешка на Карлеушаа, иако овој пат нема простор за шпекулации.
Душко Тошиќ на церемонијата на Фудбалскиот сојуз на Србија е фотографиран со Драгана Мирковиќ, која со години е блиска семејна пријателка на семејството Карлеуша-Тошиќ и која заедно со Јелена и Душко беше во најтешките моменти од медиумскиот линч.
Дека оваа фотографија нема да и пречи на Јелена, туку ќе и го исполни срцето, говори и тоа што таа и Драгана постојано се поддржуваат во јавноста.
За време на церемонијата Драгана и Душко беа придружувани од Снежана Стојковиќ, сопругата на селекторот Пикси и долгогодишна пријателка на семејството Карлеуша-Тошиќ, од која и ја купија својата вила на Дедиње.
Фото: Инстаграм принтскрин/dragana_mirkovic/karleusastar