Пејачката Сека Алексиќ замина во Виена каде што ужива со својот сопруг Вељко и го користат слободно време за да бидат заедно.
Пејачката истакна дека секој момент поминат со сопругот и е драгоцен, а сега кога имаат време и немаат работни обврски заминаа во Виена.
Сека не издржа да сподели неколку интимни моменти со Вељко, па покажа како ужива во големата метропола.
На една од фотографиите сопругот на пејачката е прекриен само со пешкир, а фановите му упатија позитивни коментари.
Инаку, Сека и Вељко се неколку години во брак и заедно го имаат синот Јакоб.