Радио Милева

(ФОТО) Зуица Лазова се поздрави со стариот имиџ: Сега е како нова жена – би ја познале?

(ФОТО) Зуица Лазова се поздрави со стариот имиџ: Сега е како нова жена – би ја познале?

Македонската пејачка,ТВ водителка и професорка по музика, Зуица Лазова, вчеравечер настапи на фолк фестивалот „Роса“, а по тој повод реши да направи драстична промена на својот изглед.

Зуица добро знае дека сцената секогаш бара нешто ново и интересно, особено во фолк водите, но таа речиси никогаш не го менува тимот на соработници на кои безрезервно и верува како за гардеробата, така и за фиирурата и шминката.

Иако не е од оние што се плашат од промени, Зуица не толку често практикува драстични промени на себе како овој пат.

Па така, за настапот на фестивалот, одлучи на својата фризерка да и даде одврзани раце за да ја скрати косата, а притоа од русокоси да премине во бринети.

Фотографиите од новиот изглед не пропупти да ги објави на социјалните мрежи и да ги пофали заслужните за тоа.

Како ви се допаѓа новата Зуица?

To top