Иако пред само неколку месеци се реализираше во улога на мајка, ТВ водителката и пејачка Бојана Скендеровски максимално се посвети на новиот концепт на популарното телевизиско шоу „Улица Македонија“.
Третата сезона стартуваше со интересни гости, впечатлива, тематска и модерна сценографија, опуштени разговори, музика и секако харизмата на домаќинката од „Улица Македонија“, Бојана Скендеровски.
Таа сега е мајка на Искра – нова и најубава улога за една жена која ја менува во секој поглед.
Мама Бојана за брзо време се врати во топ форма, а тоа освен пред камерите, се забележува и на фотографиите кои ги објавува на социјалните мрежи.
Последни на гости и беа момците од „Тропико бенд“, а таа на заминување од дома кон студиото, направи едно „селфи“ во лифт за кое ги собра сите пофалби и ласкави комплименти.
Меѓу оние кои не пропуштија да кажат по некој убав збор, беа и Светлана Црнокрак и пејачката Зуица Лазова.
„Убава“, „Мајка зрачиш од убавина“, комплименти на кои Бојана им се заблагодари.
Облечена во непогрешлива минималистичка црна комбинација од фармерки со висок струк, црна кошула и секако црвениот кармин за ултра впечатлива женственост.
Мама Бојана навистина зрачи, нели?