Јасно е дека познатите имаат голем број спонзори и нивни поддржувачи кои ги рекламираат на социјалните мрежи.
Една од нив секако е и српската пејачка Рада Манојловиќ која вчеравечер претера со фалењето и рекламирањето на салонот кој се грижи за нејзиниот маникир.
Рада беше толку досадна што една иста објава ја сподели десетици пати на својот профил, се со цел да ги натера девојките кои имено се нејзини следбенички, да го посетат салонот за убавина кој се погрижил за нејзините нокти.
Во рекламата се занесе толкму многу што дури возеше на автопат, го зема мобилниот во рака и ги фотографираше ноктите од секој кадар.