Радио Милева

(ФОТО) Згодна мама: Јана Бурче се породи три месеци, а веќе влезе во најтесните фармерки

(ФОТО) Згодна мама: Јана Бурче се породи три месеци, а веќе влезе во најтесните фармерки

Неодамна поп-пејачката Јана Бурческа, која е тазе мама го промовираше синглот „Содом“ заедно со раперот кој се крие зад псевдонимот „Стиховен калибар“.

Пејачката полека им се враќа на професионалните активности, откако кон почетокот на месец октомври стана мајка и на свет донесе девојче кое го доби името Дона.

Јана не преферира да открива нешто повеќе за својата приватност, особено откако Евровизија заврши, а потоа направи свадба и се породи.

Деновиве за промена е се почесто активна на социјалната мрежа Инстаграм, а откако покажа како го уредила домот во новогодишен амбиент, реши и самата да се снима и да го покаже своето лице, но и става.

Според приложеното, изгледа дека пејачката нема проблем со килограмите по породувањето, туку напротив изгледа вита и свежо, иако е во оние месеци кога ноќите не баш минуваат со цврст сон.

Поголемиот дел од тазе породените мајки, имаат проблем да влезат во старата гардероба, односно конфекцискиот број кој го носеле пред бременоста.

Но, Јана како да нема проблем со тоа, а од својата најнова објава на Инстаграм откри дека носи тесни фармерки со висок струк, кои ја нагласија нејзината линија. Иако не се уште не ја покажа Дона под елката, јасно е дека годинава таа е нејзиниот најголем продарок по кој ќе ја памети.

To top