На стартот од викендот на изминатата недела, односно во петокот (08 јуни) во Градскиот парк на Нов Дојран се одржа манифестацијата „Гурман фест“.
Како учеснички на сцената се појавија и двете атрактивни фолк пејачки, Сузана Гавазова и Татијана Стефановска.
Како што беше насловен настанот, така и пејачките учеснички се потрудија да изгледаат атрактивно и впечатливо со изглед кој ќе мами „гурмански погледи“.
Имено Татијана се одлучила за ултра кусо црвено фустанче со длабоко деколте, додека пак Гавазова за куси панталончиња и наметка во животински принт.
Нема сомнеж за тоа колку ги развеселиле посетителите, а овие моменти не пропуштија и да ги овековечат за спомен и секако да ги објават на социјалните мрежи пред своите обожаватели и следбеници.
фото:фејсбук/инстаграм