Новата година не може да почне без провокацијата на Јелена Карлеуша.
Пејачката во време на празнично расположение, реши повторно да го сврти вниманието кон себе, се разбира со тоа што се соблече гола.
Имено, естрадната ѕвезда се пофали со раскошната елка во својот дом, меѓутоа тоа не беше единственото кое сакаше да го истакне.
Карлеуша пред елката се фотографираше комплетно гола. Иако е во полумрак, на фотографијата се гледа дека на себе нема облека.
И додека едни го пофалија овој нејзин потег, други сметаа дека сепак претера. Имаше и такви кои се заинтересираа каде е Душко?