За ралика од денес, во Македонија некогаш имаше мнгоу повеќе печатени медиуми, дневни весници, магазини, ТВ шоуа… каде што македонската естрада имаше простор каде да го промовира сработеното, но и себе.
Па така во тоа поубаво време, како за медиумите, така и за естрадата, македонските пејачи, водителки, манекенки… често ги красеа насловните страници кои тогаш и тоа како се продаваа, а не ја собираа уличната прашина изложени пред уличните трафики.
Токму на тоа време и период од кариерата се присети нашата фолк пејачка Елена Велевска, која на кусите Инстаграм приказни објави фотографија од некогашниот „Екран“ од 2003 година.
Провокативна како и секогаш, со црна коса и во центарот на насловната страница од тоа далечно време пред деценија и половина. И повеќе од јасно е колку време Елена опстојува на музичката сцена и работи на својата кариера, но она што прво „паѓа во очи“ е нејзиниот драстично поразличен изглед од пред 15 години и оној сега.
Евидентно е дека Велевка зрее како добро вино, па денес и тоа како може да се пофали со својата атрактивност, женственост и сексапил.
Стана мајка на три деца, но како вистински професионалец со јавна професија, не го запостави изгледот, туку напротив, стана позгодна од било кога.
„За секоја јавна личност најважно е да умее да се носи со трендот, со времето, годините и личниот живот“ – изјави во една прилика пејачката.
„Говорот на телото“ е насловот на ретро насловницата на „Екран“, по насловот на песната која дури во 2020 година ќе го добие и својот видеоспот во кое фолкерката изгледа ултрасекси, нудејќи нормен еротски набој и неодолив телесен раскош…
А како и не би, кога Елена очигледно и повеќе од добро го разбира својот природен порив за промени во склад со времето, трендовите и секако сопствените потреби.