Мегафон Изненадување за публиката

(ФОТО) Воопшто не ја очекувате на таа сцена: Познатата македонска пејачка ќе се натпреварува во „Ѕвездите на Гранд“

(ФОТО) Воопшто не ја очекувате на таа сцена: Познатата македонска пејачка ќе се натпреварува во „Ѕвездите на Гранд“

Во следните изданија на популарното регионално музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, гледачите од Македонија ќе имаат можност да навиваат за една наша позната пејачка која наскоро ќе застане пред жирито на големата сцена.

Имено, поп- пејачката Елена Миленковска е сериозна  во намерата да го освои регионалниот музички пазар.

Елена деновиве престојува во Белград, каде течат снимањата за новите емисии од првиот круг од музичкото напреварување „Ѕвездите на Гранд“.

Да. Точно е дека годинава ќе бидам дел од ова големо музичко натпреварување. Предизвикот беше голем и решив да го прифатам. Годиниве наназад видов дека и поп музиката, најмногу после освежувањето на членовите во жирито, почна се повеќе да се пее од кандидатите во шоуто , а и самата продукција во неколку наврати потенцираше дека и требаат и ексклузивци кои пеат забавни песни. Тоа беше доволна причина да застанам на таа голема сцена, вели Елена, и додава:

Конкуренцијата е навистина голема, но секој со војата среќа, а за исходот од мојот настап ќе дознаете во премиерната емисија наскоро.

Елена објави фотографии со најпознатиот српски шминкер, Душан Лазиќ, кој соработува со најголемите српски ѕвезди, а тоа само докажува дека нашата пејачка сериозно си ја сфатила работата.

И посакуваме среќа и се разбира финале.

 

To top