По три месеци откако се породи и на свет ја донесе својата ќеркичка, ТВ водителката Милена Антовска за првпат се појави пред камери во отворената програма на својата матична Канал 5 телевизија.
Имено, Милена не се врати на работа, туку дојде како гостинка пред камери кај своите колеги, а со тоа на гледачите им ги откри највозбудливите и најубавите моменти од својот живот, откако со сопругот Гордан се реализираа како родители.
Таа раскажа дека ужива во мајчинската улога, за гостите во студиото зготви и шпагети, но исто така откри дека и недостига работата и комуникацијата со гледачите.
Таа прилика ја искористија токму верните гледачи кои се јавија специјално да ја поздрават Милена, да и ја честитаат рожбата и што поскоро да и посакаат и машко бебенце на што таа слатко се изнасмеа и кажа дека тоа е Божја работа, но секако ја посакува.
По многуте јавувања и разговор со колегите Ване Маркоски и Бубе Јаневска, Милена откри и дека со Гордан се решиле да го променат името на ќерката, односно на првото име Лана, кое било идеја на сопругот, да го додадат и името Марија, бидејќи била родена на ден Богородица.
Па така, најсаканата на мама и тато сега се вика Лана Марија, а освен роденден, на 28-ми август ќе слави и именден.