По речиси две години апстиненција од медиумите, „Ориентал бенд“ се враќаат со нешто ново и навистина оригинално.
Бендот претпразнично ги изненади почитувачите на убавата песна, промовирајќи проект кој содржи преработки на македонски евергрини и неколку познати странски хитови.
За таа цел, пејачката Лидија Паскова од Неготино и момците на „Ориентал бенд“ деновиве имаа телевизиска „турнеја“ за промовирање на музичките новитети.
А кога треба да се појават пред камери, подготовките за изгледот, особено за понежната половина на групата, бараат повеќе време, па и избор.
Иако е во шестиот месец од бременоста, Лидија за гостувањето во емисијата „Алфа скоп“ кај Ирена Спировска, се појави во кусо црно мини.
Кога ги прекрсти нозете камерите имаа што да снимат.
Во нешто посуптилни труднички изданија, Лидија се појави и во утринската на Сител телевизија, а и кај Ване Марковски во Канал 5.
Инаку, пејачката Лидија Паскова го очекува своето прво дете.