„Секогаш си го носам сонцето со себе“, е реченицата која за нашата позната ТВ водителка Лила Филиповска е секојдневна девиза за поубав ден.
Со почетокот на Новата година, стартуваат и новите искуства, а за да бидат уште повпечатливи и поубави, добро е да се почне со нешто поинакво на себе од претходно.

Токму така Лила ја почнува 2018 година, а се разбира промените ги почна од себе.
Таа на социјалните мрежи се пофали со новиот изглед, односно со тоа дека ја промени бојата на својата коса и премина во русокоси.

За новото издание доби само пофалби и тоа дека што и да направи на себе, одлично ќе и прилега. Сега сонцето свети во нејзините руси коси, за уште повеќе да блеска годинава!