Обично жените се тие што прават драстични промени во фризурата, но овој пат и пејачот Харис Берковиќ покажа дека може да направи некоја луда трансформација.
Неговата Рада неодамна ја обои косата розова, а пак сега и тој реши да ја следи во чекор кога е во прашање фризурата.
Имено, Харис сега има сиво-бела коса, а неговиот нов изглед предизвика лавина коментари на Инстаграм.
Промената во имиџот го натера да биде поактивен на социјалната мрежа и на сите свои следбеници и обожаватели да им покаже што направил на себе.