Иако не сака да се појавува на јавни случувања, Џејмс Мидлтон не сакаше да ја пропушти крштевката на принцот Луис. Братот на Кејт и Пипа Мидлтон е најмистериозниот член на семејството, а се појави во палатата интересно стилизиран.
Џејмс за церемонијата се појавил во костим во модерен крој, а ногавиците на панталоните му беа подолги, но за среќа не облекол традиционално одело поголемо за неколку броја.
Иако семејството е под постојана лупа на јавноста, Џејмс успешно бега од јавната сцена, а се појавува кога мора.
Тој е бизнисмен и има сопствена компанија за производство на колачи и е во сјајни односи со сестра си Кејт.
Отворено зборуваше за борбата со дислексија поради која бил исфрлен од Универзитетот во Единбург, а бил и лудо заљубен во манекенката Дона Ер. Се забавуваа од 2013 година до февруари годинава, кога таа јавно го потврди раскинувањето.