Радио Милева

(ФОТО) “То Цецо“: Македонската водителка и другарките ја „урнаа кафеаната“ за Св. Валентин!

(ФОТО) “То Цецо“: Македонската водителка и другарките ја „урнаа кафеаната“ за Св. Валентин!

Мирна, кротка, шармантна, професионална и преполна со позитивна енергија, вака можеме да ја опишеме ТВ водителката на утринската емисија на телевизија Сител „Ја сакам Македонија“, Елена Стојановска Јанковска.

Денес (14.02) секој по своја желба го слави Св. Валентин или Св. Трифун, а на Еленче и нејзините другарки не им се чекаше, па денот на вљубените го прославија во кафеана еден ден претходно.

Имено, вчеравечер водителката заедно со своето друштво се развесели на ниво и на социјалните мрежи покажа дека е мераклика на кафеана и српска музика.

На кусите приказни на Инстаграм таа објави неколку снимки на кои покажа како пее песни од Цеца Ражнатовиќ, а ништо покуси не беа ниту нејзините другарки.

Елена се почесто изненадува, а од неодамна стана заштитно лице на еден моден бренд.

Што и да прави и во каво светло и да е, Елена едноставно плени со својот дух и убавина.

 

To top