Младата пејачка, сопруга, од пред неколку месеци и мајка, Јана Бурческа, македонската публика ја запозна кога со својот талент ја воодушеви македонската јавност на „Македонскиот идол“.
Тогаш пленеше со својата харизма, глас и енергичност на сцената. Во тоа време сите учесници правеа промени на себе, учеа техники на пеење, но исто работеа и на својот физички изглед.
Тогаш, Јана сакаше да ослаби и да ги намали килограмите, особено во пределот кај нозете. Но, денес приказната е сосема поинаква.
Јана стана мајка, а за разлика од повеќето жени кои се реализирале во оваа прекрасна улога и имаат проблеми со вишокот, таа ја нема оваа мака. Имено, таа се породи во месец октомври минатата година, а и во бременоста, обемот го зголеми само во стомакот.
Неколку месеци подоцна, Јана е се послаба и послаба. На најновата фотографија која ја објави на својот Инстаграм, пејачката позира во ателјето на модната дизајнерка Антонија Ристовска со која често соработува, а од приложеното е речиси непрепознатлива.
Дали се труди да изгледа вака манекенски или пак мајката природа и гените си го прават своето, не знаеме, но очигледно е дека Јана изгледа доста послабо од порано.