Изминатите неколку дена пејачката Тамара Тодевска заедно со сопругот е во Турција од каде го полни свјот Инстаграм профил со интересни моменти од патувањето.
Имено, причината поради која заминаа таму е свадбената прослава на која присуствуваа, а се одржа на Босфор.
А за свадба како што е ред, Тамара се дотера во специјално свечено издание.
Таа се одлучи за романтична транспарентна тиркизна толета која одлично и прилега. За ова глаурозно издание пејачката доби доста комплимети кои секако ги заслужи, а освен тоа што Тамара го пофали дизајнерот на фустанот, не заборави да спомене дека овој пат за фризурата и шминката се потрудила самата.
Мора да признеме дека направила одличен спој и полн моден погодок.