Веќе извесен период Тамара Тодевска е посветена на доведување на фигурата во совршена форма, а се почесто на социјалните мрежи ги покажува резултатите од слабеењето и тоа до каде е со намалување на облините кои ги доби за време на бременоста.
Во една прилика напиша и дека се стреми кон добивање на манекенски пропорции 90-60-90, а очигледно е на добар пат да го добие посакуваното.
Дека и сега е задоволна со својот изглед, покажува тоа што не ретко прави фотосесии на кои изгледа како светка дива.
Деновиве е посветена на изработка на една нова фотосесија, за која беше изнајмен луксузен апартман каде дојдоа цел тим професионалци од својата област, од стилисти, фризери, шминкери, фотографи- сите насобрани околу Тамара за да ја подготват во најдобото модно светло.
Фотографиите од реализацијата таа ги објави на својот Инстаграм, а од приложеното се гледа дека Тамара има напорна работа пред себе.
Во апартманот може да се види дека пејачката треба да се фотографира во многу чифта обувки, разни модели на чанти итн..
Каков ќе биде крајниот резултат од сработеното, останува да видиме…