На македонската забавна музичка естрада имаме и пејачки кои освен пеењето се посветени и на примарната професија за која студирале, а меѓу нив е пејачката Симона Попоска, која од пред неколку месеци ја зема и докторската диплома.
Дојде време Симонче да го облече белиот мантил, да ги лечи пациентите, но и да ги разубавува болничките ходници.
За Симона во изминатата година се случија доста промени на приватно поле, па освен што стана специјализант на кардиологија, таа го кажа и судбоносното „Да“.
Сепак, работата како лекарка не ја спречува да ја негува и својата музичка кариера, па освен пациентите, не ги остава ниту верните обожаватели.
Па така, неодамна ги изненади со нова фотосесија, потпишана под нејзиното уметничко име „Мон бонбон“ , а за таа прилика ја скрати косата и покажа една поинаква визуелна верзија од себе.
Промените по се изгледа добро и годат, па сака се почесто да ги прави, и од русокоса сега премина во бринети.
Тоа го покажа на својот Инстаграм со едно „селфи“ на кусите приказни на социјалната мрежа, а вие проценете каква е посекси, русокоса или црнка?