Откако му стана девојка на кумановецот Дарко Петковски- Спејко, можеби ја запознаа и оние што не многу се интересираат за модата, бидејќи струмичанката Љупка Митрова многу порано пред да му стане девојка на Спејко, имаше илјадници фанови на својот профил како модна блогерка.
Освен Спејко и нејзините две ќеркички, модата е големата љубов на атрактивната Љупка, која речиси и да не минува ден без да прави комбинации, да избира локации за фотографирање, па дури и да ангажира професионален фотограф за да го направи тоа.
Со Спејко има посилна половина до себе, но и кога е сама, таа има супер моќи да го освои окото на останатите.
Па така, по повод празникот на жената 8-ми Март, Љупка избра специјален фустан, како Пепелашка, во розова нијанса и прекрасни светкаво сребрени високи потпетици.
-Јас сум жена, кои се твоите супермоќи? – напиша блогерката во описот на фотографијата, на која е сама ама толку многу моќна со својот романтичн и префинет изглед, како и поглед и став полни со самодоверба.