Изминатиот викенд, во саботата 17-ти март, во ВИП арената „Борис Трајковски“ се случи првиот солистички концерт на српската поп-пејачка Марија Шерифовиќ во Скопје.
Преполната сала обожаватели на големата српска музичка ѕвезда, имаше можност да ужива во емотивната и моќна изведба на Марија која направи вистински концертен спектакл.
Нашиот пејач Ристе Ристески, кој победи во минатата сезона на „Ѕвездите на Гранд“ имаше специјална чест да запее заедно со Марија, а во својата кариера да запише едно големо случување пред најмногу публика за него досега.
Како што е редот, пред концертот Марија беше сместена во еден од скопските хотели, а таму пак не донесе свој тим на стилисти, туку побара стручна македонска стилска помош.
Како и останатите ѕвезди, така и Марија побара шминка и фризура, но секако поразлична од сите останати. Македонскиот стилист Бобан Тодоровски, кој инаку се грижи за изгледот на повеќе македонски пејачки, манекенки, но и останати дами, беше оној на кој Марија ја потпре својата доверба за изгледот.
Таа од него побара да и направи „nude“ шминка, односно само да го дефинира нејзиното лице, без ружеви, маскара,кармин… „ Без шминка“ напиша стилситот во описот на фотографијата каде се заедно во хотелската соба.
Марија е посебна во се, па и во шминкањето, а Бобан професионално си одговори на предизвикот.
фото:facebook/instagram