По завршувањето на Икс-фактор пред неколку години, ТВ водителката Снеже Велков се повлече од водителството и работата пред камери и целосно се посвети на работата како финтнес инструктор.
На социјалните мрежи секојдневно објавува фотографии од салата за вежбање и тоа како го минува секојдневнието со здрав начин на живот, а токму кога помисливме дека телевизијата останала зад неа – таа го докажа спротивното.
Велат, ако еднаш те магепса магијата на телевизијата, таа никогаш не престанува, а тоа го докажа Снеже со тоа што повторно ќе има свој телевизиски прокет.
Имено, таа објави фотографија на која позира во кусо црно цустанче и чорапи над колена, а во позадина се гледа студиото од каде ќе ја гледаме во периодот што следи.
За каква емисија точно станува збор и на кој канал ќе зрачи нејзината појава, засега остави непознато.
Сeпак, салата за вежбање не ја остава, а што точно ќе им сервира на гледачите, останува да видиме…