Радио Милева

(ФОТО) Славеа полнолетство: Ќерката на Панчеви израсна во вистинска убавица на мама и тато!

(ФОТО) Славеа полнолетство: Ќерката на Панчеви израсна во вистинска убавица на мама и тато!

Познатата македонска двојка, Маја и Дарко Панчеви, заедно се цели две децении и во својот живот се горди и среќни родители на две деца – ќерките Надица и Марија.

Поп пејачката и хористка на МОБ и нејзиниот сопруг, фудбалската легенда Дарко Панчев и спортски директор во ФК „Вардар“, вчеравечер во своето кафе 9-ка го прославија полнолетството на ќерката Надица.

Сега нивната прва радост стана голема девојка, наполни 18 години, а за таа прилика мама и тато и организираа роденденска прослава во кругот на најблиските и пријателите.

Надица со својата убавина потсетува и на мама Маја и на тато Дарко, музичките гени не ја заобиколиле, а освен тоа што многу сака да пее, таа исто така и танцува.

Инаку, помалата ќерка на Панчеви, Марија има 12 години, а дали ќе покаже афинитети кон музиката или пак спортот, останува времето да покаже…

To top