Радио Милева

(ФОТО) Шлицови до критична точка и длабоки деколтеа: Ова се најжешките викенд стајлинзи на познатите Македонки!

(ФОТО) Шлицови до критична точка и длабоки деколтеа: Ова се најжешките викенд стајлинзи на познатите Македонки!

Изминатиот викенд беше доста богат со нови модни и секси изданија на нашите познати Македонки кога се во прашање фотографиите на социјалните мрежи.

За поголемиот дел од нив, задолжителна пракса е со пријателите и следбениците на социјалните мрежи да споделат како изгледале и каква комбинација имале на себе, па не ретко потсетуваат на модни блогерки и навистина се успешни во тоа.

Викендов имавме нешто повисоки временски температури кои не ослободија од подебелата облека која веќе ја спакувавме, а на нејзино место, сега се тенките парчиња гардероба, кои кај дамите откриваат повеќе кожа.

Па така, нашите познати пејачки и водителки предизвикани од топлиот сончев зрак, на себе облекоа комбинации во кои блеснаа во најдоброто модно светло што знаат и умеат. Дел од нив како повод имаа и некои свечености и дополнително го нагласија својот сексапил.

Водителката Елена Стефановска на себе имаше ултра впечатлива елегантна комбинација од која во фокусот се издвои маичката од тантела со длабоко деколте.

Пејачката Теа Трајковска исто така се одлучи за минимализам во црно, кој пак ги истакна нејзините тенки нозе.

Фолк пејачката Сани беше гостинка на свадба, прилика за која избра син свечен фустан со ултра висок шлиц, а исто така и Елена Петреска доминираше со високиот шлиц од долгото црно здолниште.

Секако меѓу модните дами, никако не би ја заобиколиле и Лила Филиповска која пак облече нешто поедноставна дневна комбинација во која како и секогаш изгледа непогрешливо.

Чиј изглед е вашиот фаворит?

фото:instagram

To top