Откако ја прославија Новата година, за поранешната водителка и нејзиното момче, дојде уште еден важен ден за славење- неговиот роденден.
Мелита како што е редот, деновиве на социјалните мрежи покажа како го украсила домот, а за приложеното доби коментари дека изгледа како од бајка.
Така мотивирана од ласкавите комплименти, Мели реши својот сакан за роденден да го изненади во својот дом.
Па така, набави торта, шампањ, ги запали свеќите и толку требаше за вистинска романтика, која тешко дека не би ја овековечила за спомен.
А за задоволството да биде комплетно, а композицијата на фотографијата целосна, Мели го бакна љубениот.
Голтка вино, голка љубов и година плус во животот, комбинација совршена!