Радио Милева таа на море, тој по клубови

ФОТО: Северина веќе е среќно разведена, пејачката ужива на плажа

ФОТО: Северина веќе е среќно разведена, пејачката ужива на плажа

И Северина и Игор објавуваат на социјалните мрежи дека уживаат во друштво на пријателите по разводот

Откако во четвртокот официјално се разведе од поранешниот сопруг, 34-годишниот Игор Којиќ, пејачка Северина на Инстаграм објави дека се забавува со пријателите. Според нејзините објави, јасно е дека се дружи со пријателите и соработниците во Задар.

Станува збор за продуцентот Филип Милетиќ со кого работи на нов албум, фотографот и драмски режисер во Хрватскиот народен театар во Сплит, Соња Дворник и соработничката Ведрана Васиќ.

„Околу мене илјада лудаци … (тројца како илјада)“, напиша 49-годишната пејачка во описот на фотографијата, која беше објавено со стих од нејзината песна „Тарапана“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Severina (@severina)

Да потсетиме, Игор и Северина беа во брак шест години, а повеќе од една година се зборува за тоа како розите повеќе не цветаат во нивната врска. Исто така, беше напишано дека пејачката не била во добри односи со семејството Којиќ и дека Северина наводно се расправала со свекорот и свекрвата додека била во карантин во нивниот дом во Белград.

Додека Северина ужива во друштвото на популарното одморалиште Пунта Скала кај Задар, Игор се фали дека поминува време со пријателите во клубови. Така, на приказна на Инстаграм, тој сподели неколку снимки од ноќен клуб во Мостар, каде што бил со пријател.

To top