Пејачката Сара Мејс и ТВ водителот Димитар Атанасовски пред повеќе од месец дена открија дека Сара е бремена и очекуваат принова и проширување на семејството.
Оттогаш Сара не многу е активна на социјалните мрежи, а во едно гостување на телевизија откри дека бидејќи е во рана бременост не сака многу да открива и зборува за тоа.
Но, сега помина извесно време, а стомакот на идната мама веќе е пораснат и е видлив на око.
Сара, Диме и нивните пријатели од грушата „Ај Кју“, Марија и Бојан деновиве беа на едно патување, па се возеа на брод.
Диме и Марија беа оние кои споделија фотографии од дружењето, а на едната од нив ѕирка стомачето на идната мама.