Велат дека првата година од бракот е онаа највозбудливата, а токму во тој возбудлив период од брачниот живот се водителот Димитар Атанасовски и пејачката Сара Мејс.
Кон почетокот на месец септември 2017 година, Диме и Сара ја запишаа својата љубов и по закон, но заедничкиот живот не им беше новитет, бидејќи и претходно додека беа во врска, тие живееја заедно.
Но, сепак бракот си носи свои одговорности, а Сара очигледно ги засука ракавите и покажа што ја научила мама во домаќинските работи.
Познатите сопружници неодамна беа гости во ТВ 21 каде открија како им тече брачниот живот, а пак Сара откри и дека е одлична домаќинка во кујната.
Особено се пофали со тоа како го прави гравот, а за да не биде само на муабет, по интервјуто таа на социјалните мрежи навистина покажа како изгледа нејзиниот грав во тенџере.
Сара му го свари гравот на Димитар, а за тоа дека е многу вкусен не можеме да потврдиме од фотографијата, но со оглед на тоа дека пријателите изразија желба да и дојдат на гости и да јадат, веројатно домаќинката го прави прсти да излижеш.