Георгина Родригез, избраничката на Кристијано Роналдо, реши да ја покаже ќерката Алана Мартина на јавноста, со ексклузивна фотосесија во шпанското списнание „Hola!“.
Таа се породи во елитна клиника во Мадрид, а вели дека немала никакви проблеми, дури и уживала во тие моменти.
Еден мал детаљ ме разнежни посебно и во моментите кога мислев дека ќе биде страшно. Сепак, докторката успеа да создаде посебна атмосфера, пуштајќи песни од Алиша Кис, додека мојата ќерка доаѓаше на свет. Морам да кажам и дека Кристијано беше посебно грижлив во целиот тек на мојата бременост“, изјави Георгина.