Кога и да е во можност, пејачката Радмила Манојловиќ истакнува дека е многу поврзана со своето семејство, поточно со сестрата Марија и нејзиниот татко, бидејќи за жал, останала без мајка си во 2005 година, кога имала само 20 години.
Пејачката никогаш не криела дека за неа тоа бил најтежок момент во животот, особено бидејќи била со својата мајка до последен момент.
Овој пат таа на својот Инстаграм профил објави семејна фотографија на која за првпат ја покажала својата мајка.
-Таа заслужува да знаете како изгледала и колку била убава. Мојата убавица, мојот херој и ангел. Мирјана – напишала пејачката во опис на фотографијата.