Каролина Гочева за овој месец февруари закажа неколку концерти во МОБ, на кои ќе го промовира својот нов музички албум.
За таа цел откри дека започнува соработка со нов моден бренд, а како најава за новата соработка, Каролина објави нова фотосесија на која изгледа едноставно, но секси.
Облечена во минималистичко сако и палнтолони со принт, македонското девојче со стил ја извади својата провокативна страна, па го откопча палтото под кое не носи ништо.
-За жената која не се плаши да сонува“, гласи описот на фотографиите, а Каролина очигледно кога е сексапилот и провокацијата, точно знае до каде може да стаса во својата реалност.
Инаку, покрај првичните четири закажани концерти, пејачката на својата промотивна агенда додеде уште три.
фото:Karolina Goceva/Facebook