Радио Милева мојата свадба...

Фото предизвик од карантинот: Вака изгледаа македонските фолк пејачки како невести (ФОТО+ВИДЕО)

Фото предизвик од карантинот: Вака изгледаа македонските фолк пејачки како невести (ФОТО+ВИДЕО)

Животот во 4 ѕида очигледно не е лесен. Особено не за оние, кои и баш не се навикнати да седат дома, како естрадните личности. Ним професијата им налага постојани шетања, движења, патувања, контакти со луѓе, заради снимања, ТВ и радио гостувања, интервјуа, концерти, настапи, турнеи… Сега нема ништо од тоа, а изолацијата треба „да се преживее“ и од неа да се излезе „ни луд, ни збунет“, туку нормален.

Затоа познатите Македонци и Македонки бараат наразлични начини да направат нешто интересно за себе и своите фанови, па почнаа да си поставуваат разни предизвици преку социјалните мрежи. Забавата бргу се прошири, па „вирусот“ наречен предизвик ги зафати речиси сите. Еден од првите предизвици беше оној за објава на ретро фотографија од тоа, кој како изгледал во детството.

https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/foto-predizvik-vo-vreme-na-korona-eve-kako-izgledaa-poznatite-makedonci-vo-detstvoto-karolina-so-bumbar-obrazi-foto/

По неа, се појави вториот предизвик од карантинот, на кој први одговорија фолкерките. Дамите од македонската фолк естрада кои се во брак, си поставија предизвик да ја споделат својата невестинска фотографија, односно слика од денот на свадбата!

Така неколку од најпознатите и најпопуларни македонски фолк пејачки почнаа една со друга да се прозиваат и предизвикуваат на оваа тема. Некои од свадбата ќе слават јубилеј, други пак се ептен тзе мажени, само неколку години, трети веќе имаат не една, туку по две свадби зад себе… Која како, ама воглавном секоја од нив одговори на предизвикот поставен од колешката и ја покажа својата невестинска фотографија.

За првата брачна ноќ – никој никого не праша, ниту ја спомна. Веројатно, не им било и некој предизвик…

Сепак, погледнете како изгледале во венчаница на денот кога го кажале судбоносното ДА, на денот на својата свадба токму оние, кои најмногу ги развеселуваат туѓите свадби. Ова се македонските фолкерки: Тања Јовановска – Трајкова, Сања Гроздановска – Сани, Сузана Гавазова, Tатијана Стефановска…

-Згодната кумановка, згодна сега, згодна и тогаш… До душа нешто помлада, можеби и малку послаба, иако Тања Јовановска – Трајкова тврди дека во венчаницата и денес може да влезе:

„Само да знаете дека венчаницата ми е се’ уште точна. Гледајќи ги сликите видов многу драги луѓе и се потсетив дека половина свадба си ја отпеав“ – напишала Тања, докажувајќи дека од некои работи, меѓу кои и микрофонот, никогаш не се откажува.

– Свадбата на Сања Сани Гроздановска не беше така оддамна, па пејачката ја паметиме како изгледаше како невеста. До душа по втор пат, оној првиот – не важи! Раскошна и убава како секогаш, до душа и малку трудна, ама секако атрактивна и згодна и како невеста.

За девериците и да не правиме муабет. Ем сите познати, ем ништо помалку згодни, привлечни и секси од невестата.

-И Сузана Гавазова не така оддамна беше дама во бело. Сексапилната струмичанка исто така ја паметиме кога го кажа судбоносното – ДА. Таа на својот сакан за прв пат, тој неа исто така, иако за него тоа беше „веќе видено“… Реприза после „генералната проба“ од првиот брак.

Како и да е, и Гавазова изгледаше убаво и средено под невестинскиот вел, како што може да се види и од фотографијата која пејачката ја споделила, додека ѕирка од прозорецот и со нетрпение го чека младоженецот, да ја земе од дома и поведе низ пространствата на заедничкиот брачен живот,  кој среќно трае и денес, а се надеваме и довека.

-Нивната колешка, убавата битолчанка Татијана Стефановска последна од нив „стапна на лудиот камен“.

Атрактивна, згодна, сексапилна, својата природна убавина ја покажа и како невеста. Едноставна модерна венчаница, фризура, шминка и младата подготвена да застане пред олтар, а потоа да ги пречека и гостите, сватовите, роднините и пријателите кои на свадбата и дојдоа… Како и што пее во својата најнова песна, која ја промовираше неодамна.

To top