Македонската фолк пејачка Андријана Ацевска попозната стана во јавноста со песните “Мафијаш”, “Кеш”, “Робинка“… особено поради провокативните текстови кои ги пееше.
И по многу години, Ацевска се уште е активна на домашната фолк сцена, но изгледа сосема поинаку од она каква ја гледавме некогаш.
Во 2011 година за дневниот весник Вечер, изјави дека никогаш нема да стави силикони или да го коригира телото, но со текот на времето го смени својот став и тоа драстично.
“Ќе ги разочарам сите кои негативно зборуваа за мене и ме нарекуваа секако, нема шанси да ставам силикони. Сметам дека изгледам убаво. Не сакам да правам корекции на телото, но ги поддржувам жените кои ставаат импланти, тоа е нивна желба и нивно право. Јас сакам тетоважи и веќе имам една. Ја добив како подарок за деветнаесеттиот роденден од постариот брат”, вака некогаш изјавуваше пејачка која денес е како друга личност.
За ваквата промена, дури и самата знае да потенцира, објавувајќи фотографии од минатото.
Што променила на себе, ние нема да потенцираме, Вие пресудете сами.