Српската пејачка Цеца Ражнатовиќ со години има долга коса, на која повремено ја менува бојата или и додава екстензии, а сега одлучи да го смени имиџот и се ја скрати косата по речиси 20 години.
Меѓутоа, Цеца во текот на својата кариера неколкупати носеше кратка коса, а и кога првпат се појави на фестивал во далечната 1988 година.
Кон средината на 90-тите, кога го запозна Аркан, својот иден сопруг, пејачката имаше многу кратка коса, а потоа носеше и перика.
Денес фотографијата со новиот имиџ ја сподели нејзината ќерка Анастасија во знак на Денот на мајките.