Радио Милева

(ФОТО) Падна уште една понуда за брак: Македонскиот пејач кој се прослави во „Ѕвездите на Гранд“ ја запроси девојката!

(ФОТО) Падна уште една понуда за брак: Македонскиот пејач кој се прослави во „Ѕвездите на Гранд“ ја запроси девојката!

Освен Лила Филиповска која кажа „Да“, за денот на вљубените падна уште една понуда за брак меѓу познатите Македонци.

И младиот пејач Филип Божиновски се кандиса – ќе се жени. Новиот Тоше, како што го нарекоа регионалните медиуми младиот пејач од Скопје, јавноста го запозна како еден од натпреварувачите од Македонија кои учествуваа во регионалното шоу „Ѕвездите на Гранд“.

После 12 години љубов,после 12години разбирање, караници, преубави моменти поминати заедно… дојде време да започнеме ново поглавје во нашиот живот.

Филип и неговата сакана убавата вест ја објавија на социјалните мрежи, а многумина нивни пријатели и следбеници им честитаа за оваа голема животна одлука.

 

Останати вести од Радио Милева