Кога сме мали сакаме што побрзо да пораснеме, а пак кога тоа ќе се случи, сакаме да се вратиме назад во детството и не ретко носталгично ги евоцираме спомените од детството.
Веруваме дека тоа му се случува речиси на секого, а ваквите носталгични мисли и дошле и на нашата позната ТВ водителка Јована Стојменовиќ.
Како и повеќето, така и Јована на својот профил на социјалните мрежи објави ретро фотографија на детството на која изгледа преслатко.
Убавица како мала, а уште поубава денес, вистинска дама која секое утро со колегата Александар Блажевски ги води гледачите низ утринските приказни на најгледната утринска програма „Ја сакам Македонија“ на ТВ Сител.
Патем, Јована е многу важен дел на еден од ретките печатани лајфстајл магазини кај нас, кои се’ уште добро се продаваат, магазинот „Убавина и здравје“.
А, понекогаш се’ уште и самата знае да зачекори на модните писти или да ги краси насловните страници на кои осамнуваат само најпрефинетите убавици.