Како и сите, така и македонскиот ракометар Кире Лазаров за најлудата ноќ во годината, а и деновите по неа одлучи да ги помине во друштво на најблиските и пријателите во еден познат ресорт во Берово.
Дека Новата ја почнал необично и во екстремни улови покажа на социјалните мрежи, каде на своите следбеници им откри како го стартуваше првото јануарско утро.
За разлика од повеќето кои останаа да спијат до пладне по најлудата ноќ, Кире првиот здив во годината пред нас го почна со храбар потфат.
Прво си направи детокс во сауна, а потоа излезе надвор пред хотелот и се искапи во ладниот базен на хотелот среде планина.
Спортскиот дух не го напушти ниту во овие моменти, а веруваме дека вака храбро и силно ќе продолжи и во останатите денови од годината.