Дванаесет финалисти се бореа вчеравечер за титулата на новата „Ѕвезда на Гранд“, а победата според гласовите на публиката ја однесе Анид Чушич, 20 годишно момче од Мостар.
Анид е победникот во големото финале по драматичната завршница и се најде пред Теодора Токовиќ која е второпласирана и Шефки Јахиќ кој заврши трет.
Победникот доби автомобил „Шкода рапид“, а од Гранд продукција победничка статуетка и песна.
Инаку, Анид доби 35 илјади смс гласови и со тоа ја однесе титулата по деветмесечен натпревар со многу кандидати.
Жирито ја избра Теодора Токовиќ, а покрај стандардните членови на жирито телефонски гласаа и Лепа Брена, Саша Ковачевиќ, Тони Цетински, Јелена Розга, Милица Тодоровиќ и други.
