Светски славната поп-пејачка од Барбадос, Ријана, деновиве ја промовира колекцијата долна облека со нејзиниот потпис.
За таа цел, пејачката освен тоа што ангажираше модели за да ја претстават колекцијата, Ри Ри реши и самата таа да ги разголи своите облини и да покаже како изгледа во секси долна облека.
Новите фотографии на кои таа позира во неколку различни комплети за кусо време собраа многу прегледи и коментари, пред се од припадниците од посилниот пол кои „исплакнаа очи“ од раскошот на „лошата девојка“.