Фолк пејачката Сузана Гавазова неодамна од Шведска, каде живее со сопругот Јасмин и двете ќеркички, се врати во Македонија поради работните обврски.
Имено, таа изминатата недела настапи на „Фолк фест Роса“, каде се претстави со песната насловена „Опасна за око“.
И навистина беше опасна за око, најпровокативна и најхрабра од сите колешки на сцената, а на нејзината маркантност и сексапил, и немаше рамна.
Облечена само по секси црно боди, а врз него мантил, таа го истакна најпровокативното на себе, особено долгите и витки нозе на кои секоја жена би и позавидела.
Но, не само на сцена кога настапува, туку и кога оди во шопинг и е облечена во кежуал гардероба, Сузе пали и жари се пред себе, а на таквата глетка не може да се воздржи ниту сопругот, кој веднаш фотографира со мобилниот, бидејќи има што да се види, а тој сака тоа секој и да го види и да го знае.
-Нема да сум јас ако не видам што има во бутикот ха ха, а мажот ми одма да сликне, напиша таа во описот на фотографијата каде влегува во еден бутик во трговски центар во Данска.
Дека е риба ипол покажа и во едноставна комбинација од која фармерките си го направија своето.