Празничниот период е повод за кој повеќето припаднички на понежниот пол се грижат да го облечат најубавото на себе, а според темпераментот, сензибилитетот и карактерот на дамата, секоја е посебна за себе и убава на свој начин.
Кога станува збор за нашите познати Македонки, деновиве се изнагледавме плејада од згодни , атрактивни и провокативни изданија, а овој пат од нив ја издвојуваме младата манекенка Ангела Василевска која неодамна можевте да ја видите и како учесничка во квизт „Се или нешто“.
Иако е релативно млада, Ангела досега има освоено неколку титули за убавина и упорно и цврсто чекори кон нови успеси во својата манекенка кариера како дел од модното студио „Црнокрак“.
И Ангела на својот Инстаргам профил реши да се пофали со својот празничен изглед во црвено како модерна Баба Мразица која остава без здив.
Свесна за својот најсилен атрибут – нозете, таа ги истакна во провокативен црвен фустан со длабоко деколте, но и висок шлиц се до препони кој направи да изгледа како авион.
За подобро да го долови ефектот на тоа што го облече, убавата скопјанка направи неколку заводливи пози на кои тешко може да се остане рамнодушен.