Радио Милева

(ФОТО) Нова спојка на естрадата: Кој би помислил – Лоба и Тајзи заедно!

(ФОТО) Нова спојка на естрадата: Кој би помислил – Лоба и Тајзи заедно!

На македонската музичка естрада, поретко се случуваат спојки, барем кога се оние музичките во прашање.

Можеби не ви паѓа на памет да ги поврзете Викторија Лоба и Драган Величковски-Тајзи, но ете и тоа е можно.

Имено, овие две популарни музички имиња се поврзаа во дует за нивната најнова песна насловена „Каде сме ние“, за која деновиве снимаа спот со Даниел Јовески.

Соработката ја најавија преку неколку фотографии на кои изгледаат урбано и компактно.

Инаку, песната е дело на Роберт Билбилов, а како ќе изгледа и звучи комплетното пакување, останува да видиме наскоро…

To top