Пејачката Слаѓана Делибашиќ (49) беше член на групата „Џогани“. Беше во брак со Џоле Џогани, а од тој брак имаат и две деца, Силвија и Маринела.
Таа на сите им е добро позната како бринета, но сега се одлучи за голема промена. Ја обои косата руса, а многумина не ја препознаа.
-Дојде време за мала промена, напиша некогашната членка на популарната српска група.
-Личиш на Мадона, всушност и тоа си, само наша, гласат некои од коментарите.